Top Sport

Јунајтед на суд ќе го раскине договорот со Роналдо

Драмата, која со контроверзното интервју, ја режираше Кристијано Роналдо најверојатно ќе добие судска разрешница. Во интервјуто со Пирс Морган, кое интегрално беше објавено во јавноста во средата и четвртокот, португалскиот напаѓач жестоко ги критикуваше клубот, газдите, тренерот Ерик тен Хаг и некои соиграчи.

„Дејли мајл“, тврди дека Манчестер јунајтед сака на суд да му го раскине договорот со Роналдо и да избегне да ги плати 16.000.000 фунти кои допрва треба да му ги исплати според договорот.

Роналдо, како што пишува „Дејли Мејл“, има плата од 500.000 фунти неделно, а договорот му истекува во јуни 2023 година.

Наводно адвокатите на Манчестер јунајтед веруваат дека клубот има право да го раскине договорот со Португалецот бидејќи тој го прекршил кога го дал интервјуто. Да потсетиме, Роналдо веќе имаше ексцеси оваа сезона. По натпреварот против Тотенхем, тој беше суспендиран бидејќи одбил да влезе во игра од клупата за резерви.

Потоа се извини и беше вратен во тимот, но реши да излезе во јавноста и да го критикува клубот.

Scroll to Top