Top Sport

Јунајтед не го донеле Фернандеш бидејќи „губел премногу топки“

Манчестер јунајтед ставиле крај на шпекулациите за трансфер на Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон поради стравувањето дека тој „губи премногу топки во средината на теренот“, тврди „ЕСПН“.

24-годишниот Фернандеш беше опција за засилување на средниот ред на „ѓаволите“, откако минатата сезона постигна 31 гол за Спортинг, а потоа беше главна мета за трансфер на Тотенхем, кои на крајот не сакаа да ја платат превисоката цена за него.

Скаутите на Јунајтед оцениле дека статистиката на успешни додавања на Фернандеш не била спектакуларна и дека тој не би се вклопил во стилот на игра со посед на топка кој го фаворизира Оле Гунар Солскјер. Јунајтед на крајот реши да не бара замена за Маруан Фелаини и Андер Ерера кои заминаа од тимот и наместо тоа се фокусираше на стабилизирање на одбраната со ангажирањето на Хери Мегвајр, Арон Ван-Бисака и Даниел Џејмс.

Scroll to Top