Top Sport

Бранислав Ивановиќ кариерата ќе ја заврши во Црвена Звезда!

Екс-капитенот на фудбалската репрезентација на Србија, Бранислав Ивановски (35) кој има договор со руски Зенит до крајот на јуни следната година ветил дека кариерата ќе ја заврши во белградска Црвена Звезда.

Оваа вест ја објавија руските медиуми повикувајќи се на изјава на фудбалскиот коментатор, Генадиј Орлов кој откри дека Ивановиќ им рекол на челниците на белградскиот клуб дека идната година ќе го облече „црвено-белиот“ дрес.

„Србите инсистираат Ивановиќ да се врати во татковината и да ја заврши кариерата во Звезда. Тој им вети дека ќе го стори тоа, но официјално не зборуваше за тоа. Бранислав зборуваше дека кариерата сака да ја заврши во Србија. Сепак, се зависи од повредите, како ќе игра и дали ќе му најдат замена. Зенит нема да го пушти така лесно“ – вели Орлов.

Ивановиќ се поврзуваше со Звезда и на почетокот на овој преоден рок, но идејата брзо падна во вода затоа што во овој момент тој трансфер беше невозможен.

Договорот на Ивановиќ со Зенит истекува на 30 јуни 2020 година, по што станува слободен играч.

Scroll to Top