Манчестер јунајтед останува во „лов“ на титулата од ФА купот, откако со 2:0 победи на гостувањето кај јоркширските соседи Хадерсфилд, не дозволувајќи реприза од поразот во ПЛ оваа сезона на „Кирклис“ стадионот.
Пол Погба не е во составот откако закачи повреда, и пред мечот се јави со порака до навивачите да го поддржуваат Јунајтед, но затоа тука беше Ромелу Лукаку, кој со два гола ја обезбеди победата.
Gutted I won’t be at Huddersfield but I need to get better. Come on United ?? @ManUtd
— Paul Pogba (@paulpogba) February 17, 2018
Лукаку прво доби одлична топка од Алексис Санчез уште во третата минута од мечот за да го наруши ентузијазмот за гласните домашни навивачи, а до полувремето Јунајтед требаше да води со 2:0, откако Хуан Мата постигна гол кој беше поништен по консултирање со гол-технологијата. Во второто полувреме, Лукаку уште во 55. минута зголеми на 2:0 за да покаже дека полека ја враќа голгетерската форма.