И покрај катастрофалните резултати на стартот од сезоната, менаџерот Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, не мора да стравува за своето работно место, тврди британски Гардијан.
Јунајтед има четири порази во Премиер лигата во првите седум кола, ги загуби двата меча во Лигата на шампионите, тимот изгледа очајно на теренот, па ситуацијата на „Олд Трафорд“ деновиве не е воопшто пријатна.
Сепак, Гардијан тврди дека клубот не е загрижен и дека холандскиот стручњак има поддршка од клупските ченици да продолжи со својата работа.
Јасно е дека Јунајтед ќе мора да почне да победува доколку Тен Хаг сака да го задржи работното место, во споритвно ќе мора да го напушти „Олд Трафорд“.