Top Sport

Јунајтед нема шанси покрај Ливерпул и Сити

Легендарниот англиски фудбалер, поранешен играч на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, смета дека екипата на Жозе Мурињо и оваа сезона не е меѓу фаворитите за освојување на титулата во Премиер лигата.

Англиските медиуми пренесуваат дека атмосферата во тимот не е најдобра, бидејќи Мурињо бил незадоволен од она што раководството го сработило во преодниот рок.

Ливерпул, од друга страна, потроши 200 милиони евра на засилувања, додека Манчестер сити шампионската екипа ја освежи со Ријад Марез.

„Кога ќе ги погледнете Манчестер сити и Ливерпул, мислам дека Јунјатед нема квалитет да се носи со нив во трката за титулата. Ливерпул донесе добри играчи, а не гладам како екипата на Мурињо може да му се доближи на Манчестер сити“, рекол Сколс.

Сколс смета дека Сити има континуитет и дека овој тим може да биде само уште подобар.

„Сјајни играчи, одличен тренер и препознатлив стил на игра. Со Јунајтед никогаш не си на сигурно. Се надевам дека не сум во право, но овој тим не може да биде конкурент во трката за титулата“, дополнил Сколс.

Манчестер јунајтед новата сезона ја започнува в петок против Лестер.

Scroll to Top