Top Sport

Газета дело спорт: Модриќ побарал трансфер

Лука Модриќ им се приклучил на соиграчите, во тренинг кампот на Реал, а првиот тренинг го завршил еден час пред останатите. Медиумите тврдат дека тој заминал на состанок со претседателот Флорентино Перез.

„Газета дело спорт“, меѓутоа тврди дека Модриќ не се сретнал со Перез, туку со „човекот број 2“ во Реал, Хозе Анхел Санчез. Тој него му соопштил дека сака клубот да му овозможи трансфер во Интер.

Хрватот е под договор со Реал, но тој наводно има џентлменски договор со Перез, каков што имал и Кристијано Роналдо кој замина во Јувентус, а на состанокот со Санчез побарал да се сретне и со првиот човек на Реал.

Истиот извор пишува дека Модриќ е сериозен во своите намери летово да се пресели во Милано. Интер на Хрватот му нуди четири годишен договор вреден 40 милиони евра.

Scroll to Top