Матијс де Лихт на крајот може да заврши на „Олд Трафорд“. Според шпанскиот „Мундо депортиво“, агентот на холандскиот дефанзивец на Ајакс, Мино Рајола би сакал да го види тинејџерот во Јунајтед пред Барселона.
Барселона веќе потпиша договор со колегата на Де Лихт, Френки де Јонг, и се верува дека и дефанзивецот сака да оди на „Ноу Камп“, но Рајола наводно смета дека Манчестер јунајтед е подобра опција за Де Лихт, првично поради парите, а потоа поради стилот на игра во Премиер лигата.
Јунајтед и нивниот нов постојан менаџер Оле Гунар Солскјер сигурно ќе бараат дефанзивец во текот на летниот преоден рок по неславната низа од 13 натпревари во кои примиле барем еден гол. И неговиот претходник, Жозе Мурињо беше на пазарот за одбранбени фудбалери минатото лето, но не доби буџет за такви трансфери.