Top Sport

ММА сензација на Филипините – хаотична 3-на-3 борба (видео)

ММА промотерските куќи како да се натпреваруваат кој ќе смисли побизарен меч за да привлече внимание. Тоа изгледа дека беше и мотивот на УРЦЦ 77 во Манила, каде што можеби добивме одговор што ќе се случи доколку ММА борењето е тимски спорт.

Мечот требаше да претставува пресметка на две групи по тројца фајтери, но веднаш по стартот се случи хаос, откако дел од фајтерите гледаа само кој е во најголема опасност. Во еден момент двајца фајтери беа разделени од други двајца кои беа долу. Коментаторот исто така имаше проблем да види што се случува.

На крајот, мечот беше прекинат по нецела минута во првата рунда, откако еден од борците се пожали дека добил удар во задниот дел од главата, потег кој не е дозволен.

Scroll to Top