Top Sport

Јунајтед нудат 67 милиони за Ван-Бисака

Челниците на Манчестер Јунајтед ја зголемиле понудата за играчот на Кристал Палас, Арон Ван-Бисака.

Првата понуда од 45 милиони евра Кристал Палас ја одбиле, поради што од „Олд Трафорд“ решиле да понудат 67 милиони евра.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“ на позицијата десен бек го има само Португалецот Диего Дало.

Ван-Бисака има 21 година игра за младата репрезентација на Англија. Минатата сезона одиграл 39 натпревари.

Scroll to Top