Top Sport

Ребиќ на пат кон Мадрид, Атлетико покажале интерес за Хрватот

Ајнтрахт Франкфурт зад себе има одлична сезона, поради што неколку играчи го привлекоа вниманието на големите клубови. Лука Јовиќ за 60 милиони евра веќе стана играч на Реал, а се очекува по неговите стапки да тргне и партнерот од нападот Анте Ребиќ.

Како што објави „Билд“, за Ребиќ се интересирале Атлетико Мадрид и Интер. Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, сметал дека Ребиќ би се вклопил во неговиот систем на игра.

Симеоне смета дека со евентуалниот трансфер на Ребиќ и оној на Единсон Кавани, ќе биде затворена дупката што настана со заминувањето на Антоан Гризман.

Според „Билд“ од трансферот на Ребиќ во Франкфурт ќе заработат околу 40 милиони евра.

Минатата сезона на 38 натпревари Ребиќ забележал десет гола и шест асистенции.

Scroll to Top