Top Sport

Јунајтед нудат фантастични 65 милиони фунти за Мегвајр

Во Лестер сити се загрижени дека нема да можат да ја одбијат понудата од 65 милиони фунти на Манчестер јунајтед за нивниот дефанзивец Хери Мегвајр.

Мегвајр го импресионирал Жозе Мурињо со игрите за англиската репрезентација на СП во Русија и иако дојде во Лестер пред само една година за 17 милиони фунти од Хал, според „Дејли мејл“, Јунајтед се сериозно заинтересирани да ја засилат одбраната.

На само три недели пред крајот на летниот преоден рок, според „Дејли мејл“, Мурињо ќе се обиде да продаде еден од своите дефанзивци, Маркос Рохо, Ерик Баји или Крис Смолинг, пред да се реши да тргне по Мегвајр. На „Олд Трафорд“, Мегвајр би го земал местото на Фил Џонс или на Смолинг, исто како што направи и во англиската репрезентација.

Scroll to Top