Top Sport

Агентот на Осимен најави дека тој е посветен на Наполи

Роберто Календа, агентот на Виктор Осимен, ги отфрли шпекулациите дека постои конфликт на нигерискиот напаѓач со Наполи и дека тој одбива да потпише нов договор, нарекувајќи ги „фејк њуз“.

Осимен беше еден од клучните играчи за скудетото на Наполи минатата сезона и има уште две години од договорот со „партенопеи“, но претседателот Аурелио де Лаурентис сака да осигура дека тој ќе остане долго на „Диего Марадона“. По вестите на наполитанскиот весник „Ил матино“ дека тој ќе побара заминување од клубот, Календа официјално го демантираше тоа.

„Прочитав во ‘Ил матино’ дека Календа не сака да зборува за продолжување на договорот бидејќи сака да го испита пазарот. Тоа се лажни вести“, напиша Калeнда.

Де Лаурентис претходно изјавуваше дека нема шанси Осимен да замине ова лето, поставувајќи цена од 150 милиони евра за напаѓачот.

Scroll to Top