Манчестер Јунајтед го очекува голем ремонт на тимот, а одбраната е веројатно најтенкото подрачје во целата екипа. Посебно внимание се посветува на бековската линија.
Според инфомациите на англиските медиуми, „црвените ѓаволи“ стапиле во контакт со Управата на Наполи за да преговараат за трансфер на албанскиот репрезентативен бек, Елсид Хисаj. Тој веќе 4 години е стандарден во дефанзивата за клубот од Неапол.
Хисај го одликува многу добра позициска игра и е еден од подобрите бекови во Серија А. За неговите услуги освен Јунајтед, според информациите е заинтересиран и Атлетико Мадрид.
Цената која Наполи ја бара за 25-годишниот фудбалер е околу 30 милиони евра.
Доколку Хисај потпише за Јунајтед, тој ќе биде само вториот Албанец што заиграл во Премиерлигата. Единствениот кој досега настапувал во најсилната англиска лига е Лорик Цана кој во сезоната 2009/2010 го носеше дресот на Сандерленд.