Top Sport

Вардар најде голман–сонародникот на Криштопанс, Артурс Кугис (фото)

Европскиот ракометен шампион, тимот на Вардар најде голман за новата натпреварувачка сезона, како замена за испразнетото место меѓу стативите, по заминувањето на Дејан Милосављев во Фуксе Берлин.

Се работи репрезентативецот на Летонија, Артурс Кугис кој заедно со вардарецот Даинис Криштопанс пред неколку дена изборија историски пласман на Европско првенство за својата земја.

26-годишниот чувар на мрежата во Скопје доаѓа од германски Гросвалштат, тим кој годинава испадна од првата германска Бундеслига.

„Среќен што потпишав договор со Вардар. Ќе бидам дел од еден од најдобрите спортски ракометни тимови. Скопје за мене е центарот на ракометот“ – рече Кугис за официјалната страна на Гросвалштат.

Кугис со Вардар потпиша двегодишен договор.

Scroll to Top