Манчестер јунајтед дале понуда од 55 милиони евра до Фиорентина за Федерико Киеза, јавува италијанскиот весник „Ла национе“.
Синот на поранешниот италијански напаѓач, Енрико Киеза, е поврзуван со повеќе клубови во Серија А, каде што интерес покажаа Јувентус и Интер, но него подолго време го следат и на „Олд Трафорд“ каде што добие порака од претседателот Роко Комисо дека е можен договор за „вистинска цена“.
Според весникот, „ѓаволите“ понудиле 55 милиони евра за 22-годишниот фудбалер, кој имаше 10 гола во Серија А оваа сезона, и се смета за еден од најталентираните млади италијански напаѓачи.