Top Sport

Димитров и Медведев лудувале во Монако, полицијата ги фатила

Григор Димитров не успева да се претстави во најдобро светло во последните неколку месеци откако по позитивниот тест на корона од Монте Карло стигнува веста дека тој и рускиот тенисер Данил Медведев налетале на проблеми со полицијата.

Според локалните вести, Димитров возел пребргу (околу 180 км/ч на делница каде е дозволено 110 км/ч) и останал без возачката дозвола.

Покрај тоа, тие добиле и казна од 750 евра за инцидентот кој се случил на патот кој го поврзува Монте Карло, каде што живее Димитров и Ница, каде што е тениската академија на тренерот Патрик Муратоглу.

Scroll to Top