Фантастичната форма во последните неколку месеци ги примора шефовите на Манчестер јунајтед да му понудат нов петгодишен договор вреден 45 милиони фунти на Антони Марсијал и покрај неговиот голем конфликт со Жозе Мурињо во текот на летото.
Французинот беше казнет откако самоволно се врати од летната турнеја на Јунајтед во САД за да присуствува на раѓањето на неговото дете, по што доби остри критики од Мурињо, но се врати со пет гола во последните четири меча во Премиер лигата за да помогне Јунајтед малку да ја врати формата.
22-годишниот Марсијал неодамна одби договор од 160.000 фунти неделно, но знаците се дека не планира да замине од Јунајтед, кои исто така имаат опција да го продолжат неговиот договор за 12 месеци за да не го загубат во текот на летото. Сумата која се споменува за плата е одлични 190.000 фунти, и во Јунајтед сметаат дека можат да ја платат таа сума бидејќи во спротивност ќе треба да потрошат стотина милиони фунти за засилувања.
Фото: ЕПА