Top Sport

Металург им се врати на поразите, домашен неуспех со Стеауа во СЕХА (видео)

Ракометниот вицепрвак Металург повторно им се врати на поразите, по двете победи над Татран Прешов и Чеховски Медведи. Попладнево во натпревар од СЕХА-лигата, Металург на домашен терен загуби од романска Стеауа со резултат 28-29.

Романскиот дебитант во регионалното натпреварување, во Скопје пристигна со само 8 ракометари и двајцата голмани, но тоа не ги спречи да слават во натпреварот.

Во тимот на Металург најдобар поединец беше Шпенде со 6 гола, а Шилегов и Танковски постигнаа по 4 гола.
Кај романскиот тим најефикасен беше Флореа со 6 гола, а голманот Стенеску имаше 19 одбрани.

Во следното коло во СЕХА Металург гостува кај Војводина.

Scroll to Top