Top Sport

Сетиен се извинил за однесувањето на Сарабија и ги нападна медумите

Тренерот на Барселона Кике Сетиен се извинил за однесувањето на неговиот асистент Едер Сарабија во текот на натпреварот со Реал на „Сантијаго Бернабеу“, но и порачал дека дека е срамно што медиумите имаат право во текот на целиот натпревар да снимаат ги снимаат реакциите на сите што седат на клупата.

Сарабија во текот на натпреварот со Реал (2:0), викал и ги навредувал играчите на Барселона, најмногу навреди упатил кон Антоан Гризман.

Откако ова излесе во јавноста, на првиот тренинг по натпреварот во Мадрид, капитенот Лионел Меси му кажал на Сарабија дека тој и неговите соиграчи повеќе нема да толерираат такво однесување.

„Тоа влијаеше и врз мене. Пред сѐ јас морам да водам сметка за клубот и неговиот имиџ. Сликата на клубот во јавноста треба да биде беспрекорна, а ние имаме проблем. Тоа е голема задача за мене, таа работа ме загрижува. Луѓето мора да разберат дека не сме сите исти. Сарабија е тип со многу страст, многу ни значи, но мра да научи да се контролира. Веќе работи на тоа. Разговаравме, сите добија извинување од нас. Им кажавме: Простете нашиот став беше неприфатлив“, рекол Сетиен, а потоа ги закачил медиумите.

„Срамно е она што го направија медиумите. Срамно. Не донесоа во непријатна ситуација. Не можам да поверувам дека медиумите имаат камери што се во текот на целиот натпревар фокусирани кон клупата. Што треба јас да правам во текот на мечот? Да молчам цел ден? Да ја прекријам устата? Срамно е што такви работи се случуваат. такви снимања треба да бидат забранети“, заклучил Сетиен.

Помошникот на Сетиен: Антоан да ти е..м што правиш

Scroll to Top