Top Sport

Јунајтед постигнал договор со Маунт

Манчестер јунајтед е на пат да го обезбеди своето прво летно засилување. Се очекува Маунт во блиска иднина да стане член на тимот на Ерик тен Хаг.

Како што пренесува британски „Телеграф“, фудбалерот ги договорил личните услови со клубот од „Олд Трафорд“. Сега останува клубовите да го договорат обесштетувањето.

Сумата која треба да ја плати Манчестер јунајтед веројатно нема да биде поголема од 40 милиони евра, бидејќи Маунт влегува во последната година од договорот.

Интерес за Маунт покажаа и Ливерпул, односно Арсенал.

Во исто време, Челзи му даде зелено светло на играчот од средниот ред Матео Ковачиќ да преговара со Манчестер Сити.

Тоа е јасен сигнал за почеток на продажба на одредени играчи на Челзи, пред новиот менаџер Маурисио Покетино да тргне на засилувања.

Scroll to Top