Top Sport

Јунајтед потврдија дека Фелаини заминува во Кина

Манчестер јунајтед потврдија дека Белгиецот Маруан Фелаини го напушти тимот и се приклучи на кинескиот Шандонг Луненг по пет и пол години на „Олд Трафорд“, во кои никако не успеваше да стане миленик на навивачите.

Клубот го потврди заминувањето со кратко соопштение во петокот попладне, откако Белгиецот уште вчера замина за Кина.

„Манчестер јунајтед потврдува дека Маруан Фелаини заминува од клубот со постојан договор. Сите во Јунајтед му благодарат на Маруан за неговите услуги и му посакуваат убава иднина во Шандонг Луненг Таишан во Кина“, се вели во соопштението на Јунајтед.

Се верува дека трансферот чини околу 10-тина милиони фунти.

Фелаини беше еден од омилените фудбалери на претходниот менаџер Жозе Мурињо, но имаше само 31 минута игра под Оле Гунар Солксјер како замена за мечот од третото коло ФА купот против Рединг. За Јунајтед тој одигра 122 пати и постигна 12 гола, а го освои и трофејот од ФА купот во 2016 и од Лига Европа и Лига купот во 2017 година.

Scroll to Top