Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон одиграа 0:0 во последниот натпревар од саботната програма во Премиер лигата. На овој натпревар во дресот на Јунајтед дебитираше Португалецот Бруно Фернандеш. .
Избраниците на Оле Гунар Солскјер со играта и резултатот уште еднаш ги разочараа своите навивачи, иако во последните секунди од мечот имаа голема шанса за победа преку Дало.
Инаку натпреварот беше динамичен со неколку добри шанси од двете страни, но мрежите не „Олд Трафорд“ не се тресеа. Одлични беа голманите Де Хеа и Руи Патрисио.
Во првиот дел Јунајтед го контролираше поседот на топка, но Вулвс имаа повеќе удари кон голот на Де Хеа.
Вулвс во второто полувреме ја имаа најголемата шанса преку Раул Хименез. Ударот на Мексиканецот Де Хеа го исфрли во корнер.
По овој меч Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон останаа на шестото и седмото место со по 35 бода.