Манчестер јунајтед откако речиси сигурно ќе го комплетираат трансферот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд оваа недела, ќе се фокусираат на обезбедувањето на потписот на талентот на Рен, Едуардо Камавинга, јавуваат британските медиуми.
18-годишниот Камавинга има само една година од договорот со францускиот клуб, и беше поврзуван со трансфер во Пари Сен-Жермен. И покрај тоа што е тинејџер, тој веќе има три настапи за француската репрезентација и еден постигнат гол, и многумина го сметаат за еден од најдобрите млади играчи од средниот ред.
Јунајтед минатото лето не успеаја да го доенсат Џуд Белингам, уште еден тинејџер, и сметаат дека Камавинга може да биде одличен фудбалер за иднината на тимот.