Манчестер jунајтед сака да се ослободи од четворица дефанзивци во зимскиот преоден рок, пишува „Атлетик“. Ерик Тен Хаг инсистира да продаде неколку играчи кои не се во неговите комбинации. На листата се Фил Џонс, Аксел Туанзебе, Брендон Вилијамс и Арон Ван-Бисака.
Од овие четворица, само Ван-Бисака може да биде „помилуван“ и да остане во клубот. Неодамна, Англичанецот доби неколку можности да игра и остави добар впечаток, што може да го натера Тен Хаг да ја преиспита својата одлука и да го задржи во клубот.
Од друга страна, на „Олд Трафорд“ се подготвени на штета на клубот да го раскинат договор со 30. годишниот Џонс.
Се бараат купувачи и за Вилијамс и Туанзебе, но не е исклучено и двајцата да заминат некаде на позајмица.