Top Sport

Јунајтед решение за нападот најде во Саутемптон

Единсон Кавани (35) одлично се снајде на „Олд Трафорд“, посебно во завршниот дел од сезоната, на 38 меча има 16 гола. Сепек, според годините тој не е долгорочно решение, па „ѓаволите“ се во потрага по напаѓач.

Прва желба, секако, се Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, но и двајцата во моментов се прескапи за Јунајтед.

Британски „Телеграф“ денеска објави вест дека клубот од Манчестер се распрашува за голгетерот на Саутемптон, Дени Ингс кој има уште една година од договорот со 14-топласираниот тим во Премиерлигата.

Ингс сезонава постигна 13 гола на 32 меча, а минатата сезона запиша дури 25 погодоци, поради што доби повик и од селекторот на Англија.

Ингс би немал никаков проблем да се прилагоди во Манчестер, а не се очекува Саутемптон да бара повеќе од 25 милиони евра за него.

Scroll to Top