Манчестер јунајтед планираат да ги комплетираат двата големи трансфери пред стартот на тренинзите за новата сезона на 1 јули, а први на листата на Оле Гунар Солскјер се Матијс де Лихт и Томас Муние.
Солскјер и „ѓаволите“ најавија целосен „ремонт“ на составот и покрај купувањето на нови играчи, Јунајтед ќе се ослободи од голем број на сегашните фудбалери. Токму затоа, шефовите на „Олд Трафорд“ сакаат да комплетираат две засилувања овој месец, а прва за засилување е одбраната, јавува „Сан“.
На оваа долга листа се Матијс де Лихт од Ајакс, Тоби Алдервајрелд од Тотенхем, Калиду Кулибали од Наполи и Томас Муние од Пари Сен-Жермен. Во средниот ред во игра се Жоао Феликс (Бенфика), Бруно Фернандеш (Бенфика) и Адриен Рабио (ПСЖ).
„На дел од вработените во Керингтон им е соопштено да очекуваат барем две нови лица пред 1 јули. Црвениот тепих во Манчестер е отворен за агентите и за фудбалерите, а преговори се водат со повеќе фудбалери. Дел од новите засилувања треба да пристигнат пред турнејата на Австралија и Далечниот Исток“, вели анонимниот извор за „Сан“.