Манчестер јунајтед се обидуваат да го комплетираат трансферот на Кристијан Ериксен од Тотенхем пред крајот на преодниот рок во Премиер лигата во четврток, јавува британскиот „Дејли мејл“.
Ериксен може да пристигне на „Олд Трафорд“ за само 50 милиони фунти, откако пред една година неговата цена беше 130 милиони фунти, а самиот Данец по крајот на сезоната изјави дека сака нов предизвик, но сонот за трансфер во Реал Мадрид се растури откако „кралевите“ го донесоа Еден Азар.
Ериксен би бил потенцијална замена за Пол Погба, кој е мета на шпекулации дека може да замине во Реал Мадрид или во Јувентус. Данецот има само уште една година од договорот со клубот од северен Лондон. 27-годишниот Ериксен помина шест сезони во Тотенхем, но не освои ниту еден трофеј.
Јунајтед досега ова лето потпишаа со Даниел Џејмс (Свонси), Арон Ван-Бисака (Кристал палас) и најскапиот дефанзивец на светот, Хери Мегвајр (Лестер). Тотенхем пак, веќе се договорија со Тангуј Ндомбеле за рекордни 55 милиони фунти, а го донесоа и Џек Кларк, додека се поврзуваа со трансфер на Бруно Фернандеш од Спортинг и Џовани Ло Селсо од Реал Бетис.
#mufc are working on a deal to sign Christian Eriksen before Thursday’s deadline. His representatives are hopeful of negotiating a move #mulive [mail]
— utdreport (@utdreport) August 5, 2019