Top Sport

Јунајтед се единствена опција за Санчо, но само за 130 милиони евра!

Борусија Дортмунд поставија огромна цена од 130 милиони евра за својата англиска ѕвезда Џејдон Санчо, и Манчестер јунајтед остануваат негова единствена опција, тврди германскиот „Билд“.

Според весникот 20-годишниот Санчо е подготвен да се врати во Премиер лигата три години откако замина од Манчестер сити кај Баварците, импресионирајќи во дресот на Борусија Дортмунд.

„Дејли мејл“ пак, тврди дека Јунајтед остануваат единствената опција бидејќи ниту еден друг клуб не е подготвен да плати слична сума, но ќе почекаат да видат како ќе се одвиваат шансите со можниот пласман во Лигата на шампионите. Санчо инаку ги чинеше Дортмунд само 10 милиони фунти во 2017, и Јунајтед чекаат „попуст“.

Scroll to Top