Top Sport

Родригез: Реал не ме пуштија да заминам минатото лето

Хамес Родригез тврди дека Реал Мадрид не му дозволиле да направи трансфер во друг шпански клуб минатото лето, кога исто така одбил понуда да нстапува во италијанската Серија А.

„Кралскиот“ клуб плати 75 милиони евра на Монако за Колумбиецот во 2014 година, давајќи му петгодишен договор по фантастичните настапи за репрезентацијата на СП во Бразил во 2014, кога стигнаа до четврт-финалето, а тој беше најдобар стрелец.

Меѓутоа, 28-годишниот Хамес не се изнаигра во шпанската престолнина поради проблемите со формата и со физичката подготвеност и помина две години на позајмица во Баерн Минхен пред да се врати минатото лето. Тој не успеа да се наметне во тимот на Зинедин Зидан и имаше само 14 меча оваа сезона. Тој е поврзуван со заминување од клубот, но вели дека имал таква шанса и лани.

„Имаше многу добра понуда од шпански тим, но Реал Мадрид ја одби, а не би сакал да го откривам името на тимот. Мислев дека е договорено, но не ме пуштија да одам, сакаа да ме продадат на друго место. Имаше и понуда од Италија, но не беше убедлива. На мојот агент Жорге Мендеш му кажав дека не одам во Кина, бидејќи мислам дека можам да дадам уште многу во Европа“, вели Хамес во интервју за колумбискиот „Гол карасол“.

Хамес вели дека нема личен проблем со тренерот Зидан Зидан.

„Никогаш немаше проблеми со Зидан. Секој тренер има свој вкус и ние имаме обична работна врска. Тренирам и работам и ја чекам мојата шанса. Размислувам за иднината, но не знам што ќе се случи“, додава Хамес.

Scroll to Top