Манчестер јунајтед имаат лош старт на сезоната по кој се на седмото место во Премиер лигата со 14 поени заостанување зад лидерите Манчестер сити и со седум поени од топ 4, така што британските медиуми тврдат дека тие се подготвени да ја засилат одбаната веќе во јануари и тоа со ѕвездата на Вест хем, Марко Арнаутовиќ.
Проблематичната форма на Ромелу Лукаку најмногу го загрижува Жозе Мурињо, откако Белгиецот по четирите гола во првите пет меча од сезоната нема постигнато гол оттогаш, а тоа влијае на резултатите, посебно по 0:0 ремито со Кристал палас.
Според британските медиуми, Јунајтед се подготвени да дадат дури 50 милиони фунти за услугите на Австриецот со српско потекло, откако минатата сезона постигна 11 гола во 20 меча за Вест хем, а оваа сезона има 5 гола и една асистенција во 11 лигашки натпревари.
Фото: ЕПА