Top Sport

Јунајтед се откажа, Донарума се поблиску до Сити

Џанлуиџи Донарума е се поблиску до договор кариерата да ја продолжи во Манчестер сити.

Еден од најдобрите голмани на денешницата беше отпишан од ПСЖ откако не се согласи со клубот за продолжување на договорот, а неговото заминување го потврди и тренерот Луис Енрике.

Во последните денови се шпекулираше дека Манчестер сити и Манчестер јунајтед се заинтересирани за неговите услуги. Сепак, најновите информации сугерираат дека Јунајтед се повлекол од трката.

Договорот на Италијанецот истекува следната година, а актуелните европски шампиони бараат околу 50 милиони евра за него.

Донарума пристигна во ПСЖ во 2021 година по болна и воопшто не пријатна разделба со Милан, клубот каде што ја започна кариерата на наполни 17 години. Тој го бранеше голот на ПСЖ на 107 натпревари и се смета за еден од најзаслужните за титулата европски шампион освоена оваа година.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top