Манчестер јунајтед нема да се обидат повторно да го договорат францускиот напаѓач Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, бидејќи менаџерот Жозе Мурињо не е убеден дека тој вреди 100 милиони евра
Според шпанската „Марка“, Мурињо никогаш не бил убеден дека Гризман е вистински играч за Премиер лигата и обидот да се донесе минатото лето бил повеќе да се засили тимот со звучно име.
Со ова, Барселона станува речиси сигурна дестинација за Гризман, и останува да се види дали тоа ќе се случи во јануари или летово. Трансфер-забраната на Атлетико ќе заврши на 1 јануари, кога Диего Коста повторно ќе стане играч на Атлетико, а Гризман нема да биде толку потребен во тимот, така што кој ќе ја плати клаузулата од 100 милиони евра може да го добие.