Иако беше најавено дека трансферот е „мртов“, Манчестер јунајтед подготвуваат нова понуда за фудбалерот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш, со која се надеваат дека ќе се договорат до крајот на преодниот рок во петок, јавува португалскиот весник „Рекорд“.
Спортинг претходно ја одби понудата од 45 милиони евра плус бонуси а 25-годишниот фудбалер од средниот ред и бараат за него 85 милиони евра, нешто што претходно наводно го одбил директно сопственикот на „ѓаволите“, Џоел Глејзер. Сега, Јунајтед и Спортинг се блиску до компромис, откако Јунајтед ќе понудат 55 милиони евра.
Покрај Фернандеш, до крајот на преодниот рок, Јунајтед се подготвуваат да го земат напаѓачот на Лестер сити, Ислам Слимани кој треба да биде замена за повредениот Маркус Рашфорд.