Манчестер јунајтед, конечно, се договориле со Лестер за трансфер на англискиот дефанзивец Хери Мегвајр за 80 милиони фунти, јавува британскиот „Сан“, што претставува рекордна сума за еден дефанзивец.
26-годишниот поранешен фудбалер на Хал сити, веќе во понеделник ќе го комплетира медицинскиот тест, по што ќе стане фудбалер на „ѓаволите“, кои ќе платат 60 милиони фунти одеднаш и 20 милиони фунти преку бонуси.
Англичанецот не криеше дека сака да направи трансфер во еден од клубовите од Манчестер, откако и шампионите Сити беа заинтересирани и англиските медиуми тврдеа дека се налутил на „лисиците“ откако тие ја кренале цената која ја бараат за 10 милиони фунти. Лестер негова замена би нашле во Луис Данк од Брајтон, за кој би платиле 45 милиони фунти.
Man Utd agree world-record £80m Harry Maguire transfer https://t.co/xWjczddwJi pic.twitter.com/ZvyFslGQCS
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) July 14, 2019