Top Sport

Јунајтед се упорни – летово пак ќе се обидат да го донесат Де Јонг

Манчестер јунајтед и нивниот менаџер Ерик Тен Хаг не се откажуваат од обидот да го донесаат Френки де Јонг на „Олд Трафорд“ и ќе се обидат во летниот преоден рок повторно, а самиот Холанѓанец е заинтригриран од можноста да игра во партнерсто со Касемиро, тврди „Токспорт“:

Де Јонг беше главната мета на Тен Хаг откако го презеде кормилот на клубот, но 25-годишниот Холанѓанец одбиваше било каква можност за трансфер иако Барселона беше подготвена да го продаде. Сега, ситуацијата наводно е сменета и Де Јонг е отворен за идејата за трансфер посебно бидејќи сака да игра покрај Касемиро во средината на теренот.

Иако не се очекува Јунајтед да купат многу играчи во текот на летото доколку не се случи продажбата на клубот, Де Јонг не е единствен на листата на желби, со посебен фокус на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд.

Scroll to Top