Top Sport

Роналдињо Јуниор официјално потпиша за Барселона

Синот на Роналдињо, Жоао Мендеш официјално потпиша за Барселона откако наполни 18 години на 25 февруари, по тестот кој му го даде поранешниот клуб на неговиот татко во јануари. Тој сега ќе почне да работи со славната академија на клубот, „Ла масија“.

Мендеш ја почна кариерата во Фламнго, пред да игра и за Васко да Гама и Боависта-РЈ на младинско ниво. Во 2019, тој ги импресионираше Крузеиро и тие му дадоа шестгодишен договор, но откако помина три години со тимот, тој го раскина договорот и замина на атест во Барселона.

Роналдињо освои две титули од Ла лига и една од Лигата на шампионите, освојувајќи ја и „Златната топка“, но претседателот на Барса, Жоан Лапорта, признава дека притисокот на неговиот син ќе биде огромен.

„Притисокот на момчето веќе е голем, бидејќи Роналдињо беше еден од најдобрите во историјата. Синот има притисок, а работата на тренерите е да го развиваат“, изјави Лапорта.

Scroll to Top