Top Sport

Јунајтед се во пол-позиција за потписот на Кутињо?

Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен, беа ривали во осмина-финалето во Лигата на шампионите, а според англиските медиуми тие сега влегле во битката за обезбедување на потписот, на фудбалерот на Барселона, Филипе Кутињо.

Бразилецот пред нешто повеќе од една година за 120 милиони евра пристигна на „Ноу Камп“ од Ливерпул, меѓутоа не успеа да ги исполни очекувањата.

Кутињо, во саботата, беше стaртер и пружи скромна партија на натпреварот против Рајо Валјекано, поради што беше исвиркан од навивачите кога беше заменет со Иван Ракитиќ.

„Дејли Мејл“ пишуваат дека Манчестер Јунајтед биле подготвени да платат 115 милиони евра за Бразиелцот.

Доколку трансферот биде реализиран во летниот преоден рок, Кутињо дополнително ќе го навлече гневот на навивачите на Ливерпул, бидејќи низ историјата, во Англија, најголемо е ривалството помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Scroll to Top