Top Sport

Кинезите му нудат многу пари на Митровиќ

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ би можел кариерата да ја продолжи во Кина. Британските медиуми пренесоа дека неколку клубови од оваа земја биле заинтересирани за услугите на напаѓачот на Фулам.

Најголем интерес за Митровиќ покажале челниците на вице-првакот Гвангжу Евергранде. Наводно на напаѓачот му понудиле годишна плата во износ од 12 милиони евра.

Фулам сигурно ќе испадне од Премиер лигата, поради што по завршувањето на сезоната клубот ќе продаде неколку ѕвезди меѓу кои е и српскиот репрезентативец.

Се претпоставува дека најголемо обесштетување Фулам може да добие за Митровиќ. Србинот на „Крејвен Котиџ“ најпрвин настапуваше како позајмен играч, а потоа клубот за 25 милиони евра го откупи неговиот договор од Њукасл.

Оваа сезона, Митровиќ, за Фулам одиграл 30 натпревари и постигнал 10 гола.

Scroll to Top