Манчестер јунајтед е заинтересиран за голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, тврдат британските медиуми.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, не е задоволен од формата на Андре Онана, и затоа решил да ангажира нов голман.
Мартинез има договор со Астон Вила до 30 јуни 2029 година. Сепак, некои британски медиуми објавија дека започнале преговори меѓу претставниците на Манчестер јунајтед и Астон Вила во врска со трансферот на аргентинскиот голман во тимот од „Олд Трафорд“.
Мартинез пристигна во Астон Вила во 2020 година од Арсенал. Тој беше член на лондонскиот клуб од 2012 година, а пред да се приклучи на клубот од Бирмингем, играше на позајмица во Оксфорд, Шефилд Венздеј, Ротерам, Вулверхемптон, Хетафе и Рединг.