Top Sport

Јунајтед со бизарно 3:3 реми на гости кај Шефилд, тим кој чини помалку само од Санчез (видео)

Манчестер јунајтед беше пред „срамотен“ пораз на „Брамал лејн“ во Шефилд, откако домашниот тим имаше предност од 2:0 до 72. минута, пред младите момци на „ѓаволите“ да инспирираат пресврт за 3:2 предност, која на крајот не беше доволна откако во судското продолжение, Шефилд успеаја да израмнат на 3:3.

Џон Флек во 17. минута ја искористи катастрофалната реакција на Фил Џонс за да донесе водство за „блејдс“, пред во 52. минута, Лис Мусе да донесе неверојатна предност од 2:0.

По ова следуваа лудите седум минути во кои Манчестер јунајтед постигнаа три гола – Брендон Вилијамс (72. минута), Мејсон Гринвуд (77. минута) и Маркус Рашфорд (79. минута). Но, домаќините не се откажаа и во 91. минута кога Оливер Мекбурни успеа повторно да го совлада Давид де Хеа, по што следуваше ВАР проверката, по која домашниот клуб славеше освоен поен.

Пред мечот, Шефилд има еден поен повеќе од Јунајтед, но една статистика кажува многу за мечот – „ѓаволите“ плаќаат повеќе за Алексис Санчез, кој е пратен на позајмица во Интер, отколку што Шефилд јунајтед го плаќаат својот целосен тим.

Интер плаќаат 4.5 милиони фунти од платата на Чилеанецот од неговиот договор од 21 милиони фунти годишно, што значи дека Јунајтед плаќаат 16.5 милиони фунти, додека целиот тим на тренерот Крис Вајлдер заработува 14 милиони фунти годишно!

Scroll to Top