Top Sport

Јунајтед со најслаб старт во Премиерлигата во последните 30 години

Манчестер Јунајтед го забележа најлошиот старт на сезоната во Премиерлигата во последните 30 години. По срамниот пораз на гостувањето кај Брентфорд со 0:4, „црвените ѓаволи“ останаа на последното место на табелата. Ова е првпат да завршат на дното после 21 август 1992 година.

Ерик тен Хаг стана првиот менаџер кој ја започнал својата кариера во Манчестер Јунајтед со два порази по Џон Чепман, кој го направи тоа во ноември 1921 година, или пред повеќе од еден век. Саботниот пораз всушност беше четврти по ред за „црвените ѓаволи“ во лигата, бидејќи минатата сезона тимот ја заврши со два порази. Вкупната гол-разлика на овие четири натпревари е 1:11.

Тимот е и во уште една негативна серија – го забележа седмиот последовен пораз како гостин. Она што е позагрижувачки за навивачите на тимот е што Брајтон од кого загубија на стартот и Брентфорд не се меѓу најдобрите тимови во Англија, а следната недела на „Олд Трафорд“ е закажано дербито со Ливерпул.

Scroll to Top