Top Sport

Јунајтед со последен обид да го добијат Рубен Невеш

Манчестер јунајтед ќе направат последен обид да го добијат португалскиот фудбалер од средниот ред на Вулверхемптон, Рубен Невеш, тврдат британските медиуми.

Според „Сан“, една од главните цели на новиот менаџер Ерик Тен Хаг е засилување на средниот ред, по најавеното заминувње на Пол Погба, а „ѓаволите“ повеќе од 12 месеци се заинтересирани за Невеш, кој има договор со Вулфс до 2024 година.

Јунајтед веќе дале понуда од 35 милиони фунти кој била одбиена во јануари, и се верува дека ќе бараат до 50 милиони фунти. Ривали за Невеш се Барселона, уште еден клуб кому му е потребна „обнова“ во летниот преоден рок.

Scroll to Top