Top Sport

Тоти преговара за враќање во Рома како директор

Франческо Тоти е во преговори со газдите на Рома, семејството Фридкин за сензационално враќање во својот клуб на позиција на директор, јавува „Кориере дело спорт“.

Миленикот на навивачите на „волчицата“ е постојано на „Олимпико“ на сите мечеви на Рома, а беше и во Тирана кога ги совладаа Феенорд со 1:0 за титулата од Конференциската лига на УЕФА. Претходно, тој беше во конфликт со поранешниот претседател Џим Палота и со тренерот Лучано Спалети, кого го обвинуваше дека го приморал да се пензионира кога не му понудија нов договор во 2017 година.

Бидејќи во цела своја кариера, од младинската академија до пензионирањето, го носеше дресот на Рома, тој би сакал враќање во улога налик на таа која ја има Паоло Малдини во Милан, позиција на амбасадор на клубот и заштитник на интересите на навивачите.

Scroll to Top