Манчестер јунајтед ќе гостуваат на Баерн Минхен пред стартот на сезоната 2018/19, откако двата тима го објавија ова со смешна и „сурова“ конверзација на Твитер.
Мечот на „Алијанц арената“ на 5 август е последен за Јунајтед по петте меча на турнејата во САД (Клуб Америка, Сан Хозе, Милан, Ливерпул и Реал Мадрид).
Сепак, најмногу внимание предизвика конверзацијата на Твитер. Прво, Јунајтед објави дека се „достапни за пријателски меч на крајот на летната пауза“. На ова, Баерн одговори дека се заинтересирани само за „добри изведувачи на пенали, но Јунајтед како англиски тим не е таков“.
По ова, од Јунајтед одговорија дека не им беа потребни пенали да ги победат во славното финале во 1999 година. Конечниот одговор на Баерн беше: „Тогаш договорено. Да се надеваме дека вашиот фудбал е подобар од вашите шеги“.
We’re
⚪️ Busy
⚪️ On holiday
? Available in early August to visit a big club in Germany for a final pre-season game of the summer. Any takers?
— Manchester United (@ManUtd) June 11, 2018
The only takers we’re interested in are for good penalties, and as an English club, you guys probably wouldn’t know about that… ?? pic.twitter.com/7TJbc2V6lr
— FC Bayern München (@FCBayern) June 11, 2018
Just as well that we didn’t need them to beat you in the #UCL final back in 1999 then, isn’t it? ? pic.twitter.com/fllThHNaDd
— Manchester United (@ManUtd) June 11, 2018
Looks like we hit a nerve there! How about this pre-season friendly in August, then? Let’s hope your football is better than your jokes… pic.twitter.com/yePGKVTEIl
— FC Bayern München (@FCBayern) June 11, 2018