Top Sport

Јунајтед „сонуваат“ за дуо Гонсало Рамош-Хери Кејн во нападот

Манчестер јунајтед се подготвени да го срушат рекордот на клубот за трансфери за да го добијат напаѓачот на Бенфика, Гонсало Рамош ова лето, а не се откажуваат од можноста тој во нападот да го има за партнер Хери Кејн од Тотенхем, тврди „Мирор“.

Тие двајца би биле центар на обновата на составот на „ѓаволите“, откако Антони Марсијал е непостојан со формата и со физичката подготвеност, а Вут Вегхорст ќе биде вратен во Барнли по позајмицата. Иако претходно медиумите тврдеа дека Рамош е замена за Кејн, клубот е заинтересиран а двајцата фудбалери.

21-годишниот Рамош се смета за еден од најталентираните напаѓачи во Европа, со 25 гола за Бенфика оваа сезона и Јунајтед се подготвени да платат до 100 милиони евра за него, израмнувајќи го рекордот кој го платија а Пол Погба во 2016 година. Ерик Тен Хаг е сигурн дека преговорите со Бенфика ќе одат полесно отколку тие со Тотенхем за Хери Кејн, иако договорот на англискиот напаѓач завршува во 2024 година.

Scroll to Top