Top Sport

Ноер се врати на тренинзи на Баерн по долгата пауза по скршеницата на ногата

Капитенот на Баерн Минхен, голманот Мануел Ноер се врати на тренинзи на германскиот шампион првпат откако ја скрши ногата при паѓање на скијање на крајот на декември.

37-годишниот Ноер ги налути првите луѓе на Баерн откако замина на скијање по Светското првенство во Катар и првите вести беа дека ќе ја пропушти целата сезона. Тој се врати на лесни тренинзи со тренерот на голманите Михаел Рехнер и експертот за рехабилитација на Баерн, Томас Вилхелми.

Се верува дека новиот тренер на клубот, Томас Тухел го сака Ноер како прв голман следната сезона, што значи дека Јан Зомер и Александер Нибел може да си заминат од Баварија.

Scroll to Top