Манчестер јунајтед се заинтересирани за нови засилувања во преодниот рок, со напаѓачот на Штутгарт, Саша Калајџиќ и Бенјамин Шешко од Ред бул Салцбург како најверојатни цели, тврди „Дејли мејл“.
25-годишниот австриски репрезентативец со српско потекло, Калајџиќ е „џин“ од 2 метри и е достапен за релативно ниски 17 милиони фунти и би бил опција во нападот доколку Кристијано Роналдо остане со планот да замине од „Олд Трафорд“. За Шешко, кој има само 19 години и е словенечки репрезентативец, се заинтересирани повеќе премиерлигаши, а неговиот агент веќе разговарал со луѓето на Јунајтед, но неговата цена е високи 55 милиони фунти.
Двајцата исто така се алтернатива на првиот избор, Бразилецот Антони од Ајакс, кој засега се покажа како прескапа опција за „ѓаволите“.