Top Sport

Јунајтед уште е привлечен за најголемите ѕвезди, вели агентот на Лукаку

Манчестер јунајтед ќе успеат да „убедат“ топ-фудбалери да се приклучат на клубот ова лето, тврди агентот на Лукаку, Федерико Пасторело.

Се очекува Јунајтед да троши многу ова лето по шестото место во Премиер лигата и неупехот да се пласираат во Лигата на шампионите, нешто што го призна и тренерот Оле Гунар Солскјер, кој најави „ремонт“ на составот. Лукаку, очигледно, е еден од тие кои ќе остане на „Олд Трафорд“ и неговиот агент Пасторело вели дека ќе дојдат многу засилувања.

„Мислам дека Манчестер јунајтед ќе има голем успех во привлекувањето на фудбалери ова лето.
Ќе има многу работа за господинот Ед Вудвард, но нема да има проблем да се убедат врвните фудбалери да дојдат во еден од најголемите клубови на светот. Реал Мадрид исто така ќе бидат активни на пазарот со Зинедин Зидан на чело, така што ќе има домино-ефект. Очекувам многу интересно лето“, вели Пасторело.

Scroll to Top