Top Sport

Јунајтед уште се заинтересирани за Мегвајр

Манчестер јунајтед не се откажале од потписот на дефанзивецот на Лестер и на англиската репрезентација, Хери Мегвајр и покрај тоа што „лисиците“ објавија дека тој не е на продажба, јавува „Би-би-си“.

„Ѓаволите“ минатата година се повлекоа од преговорите бидејќи сметаа дека цената од 70 милиони фунти за 26-годишниот Мегвајр е „нереална“, но бидејќи на Оле Гунар Солскјер очајно му е потребен централен дефанзивец, сега таа сума е возможна.

Англичанецот потпиша нов петгодишен договор во септември, а новиот менаџер Брендан Роџерс јавно изјави дека Мегвајр ќе биде клучен играч за неговиот тим.

Јунајтед исто така го сакаат и младинскиот англиски репрезентативец Арон Ван-Бисака, за кого би требало да платат над 40 милиони фунти.

Scroll to Top